Соопштение

Почитувани,

Следејќи ги препораките на Владата, односно Согласно Извадок од нацрт – записникот од Деветнаесеттата седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 14 Март 2020 година, точка 13, со која се препорачува на сите работодавачи, во зависност од типот на работата да ја организираат работата и начинот на работа на вработените лица, преку работа од дома, без да се наруши редовното и нормалното функционирање на институцијата, Државниот просветен инспекторат Ве замолува претставките да ги доставувате во електронска форма на следнава електронска пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Доколку имате дополнителни прашања обратете се на следниве телефонски броеви:

076 485035 Валерија Анастасова

076 446107 Бесим Алија

076 446 125 Јане Николовски

ОБУКА во период од 28 Февруари – 1 Март 2020 година

Во Државен просветен инспекторат во периодот декември 2019 година и јануари 2020 година се вработени 12 нови државни просветни инспектори со цел  кадровско подобрување на капацитетот на Државниот просветен инспекторат.

89384151 574376810120127 717345540857135104 n

За полесно вклучување и извршување на редовните работни задачи, Државниот просветен инспекторат во соработка со УНИЦЕФ спроведува обуки за нововработените државни просветни инспектори.

Повеќе...

СООПШТЕНИЕ

СООПШТЕНИЕ ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА УСЛУГИТЕ НА ДРЖАВНИОТ ПРОСВЕТЕН ИНСПЕКТОРАТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ВИРУСОТ КОРОНA  (COVID-19 )

Почитувани Корисници,
Согласно заклучоците на 15-та редовна седница на Владата на Република Северна Македонија и информацијата за преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот по сугестија на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство, Ве информираме дека Државниот просветен инспекторат се вклучува во превенција од вирусот и апелираме во следниот период почесто да се користат електронските услуги на Државниот просветен инспекторат, а физичката посета на просториите на Државниот просветен инспекторат да биде направена само во случај на неодложна работа.
Воедно, Ве информираме дека ќе биде засилена телефонската и техничката поддршка од страна на сите вработени на Државниот просветен инспекторат, со цел заеднички да се вклучиме во заштита и превенција од вирусот.

Повеќе...

Подобрени Индикаторите за квалитет на работа на училиштата

Кон крајот на февруари, 2020 година, Државниот просветен инспекторат ги презентираше промените во процесот на интегрална евалуација пред сите државни и овластени просветни инспектори. Промотивниот настан се организираше со поддршка од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието.

1va

Повеќе...

Наши соработници:

01-MON-baner2-za-dpi  02-DIC-baner-za-dpi  03-BRO-baner-za-dpi  CSOO-14-web  

04-eDnevnik-baner-za-dpi   05-plagijati-baner-za-dpi  06-naukaMK-baner-za-dpi  07-patent-baner-za-dpi  

08-1000knigi-baner-za-dpi  09-npro-baner-za-dpi  10-skoool-mk-banr-za-dpi  11-e-ucebnici-baner-za-dpi

Home Новости